Skip to main content
Македонија

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум

28/10/2025  15:41

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на осмото издание на Парискиот мировен форум.

Сиљановска-Давкова утре, 29 октомври 2025 година, среда, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува на тема „Нови коалиции за мирот, луѓето и планетата”.

Таа ќе говори на сесијата „Важноста на регионалната соработка на Балканот за идните генерации”, на која ќе се дискутира – како подлабоката регионална соработка може да создаде конкретни можности за младите преку заеднички инвестиции во образованието, мобилноста, иновациите и социјалната инклузија. На сесијата ќе се разгледа и како ангажманот на младите може да стане столб на демократската обнова и интеграцијата во Европската Унија.

Претседателката ќе присуствува на вечерата, којашто во чест на високите гости на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.