Skip to main content
Скопје

Учениците од „Ѓорѓија Пулевски“ добија современ информатички кабинет

27/08/2025  13:19

ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром доби нов, целосно опремен кабинет по информатика со поддршка од Државниот завод за статистика.

Ова училиште беше избрано за ваква поддршка поради континуираните успеси на учениците, кои во изминатите години имаат освоено бројни државни и светски награди по информатика и математика.

На свеченото примопредавање на кабинетот присуствуваа в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков.

Општина Аеродром и училиштето упатуваат голема благодарност до Државниот завод за статистика за препознавањето и поддршката, кои претставуваат значаен поттик за учениците и наставниците во нивната посветеност кон знаењето, иновациите и новите технологии.