Skip to main content
Хроника

Уапсено лице за обид за убиство во Виница

12/08/2025  09:10

Полициски службеници од СВР Штип/ОВР Виница по претходно обезбедени оперативни сознанија, вчера вечер (11.08.2025) во 21:15 часот во  Кочани го лишија од слобода Н.В. (32) од Виница, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид” на 07.08.2025 пред угостителски објект во Виница.

Имено, Н.В. по претходна вербална расправија со нож му нанел четири убодни рани на Д.С. од Виница, по што се дал во бегство.

Известен е надлежен ЈО и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.