Skip to main content
Свет

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

12/08/2025  08:32

Дваесет и шест лидери на земјите-членки на Европската Унија објавија дека Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина и дека секое дипломатско решение мора да ги заштити украинските и европските безбедносни интереси.

Во заедничката изјава, усвоена доцна синоќа и објавена денеска, се наведува дека разговорите „можат да имаат смисол само во контекст на прекин на огнот или намалување на непријателствата“, јавија британските медиуми.