Skip to main content
Uncategorized

Уапсено лице барано со централна потерница, во бегство од 2024 година

16/09/2026  10:22

Денеска (16.09.2026), од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага, во содејство со Интервентната полиција, околу 05:30 часот, во село Арачиново, лишен од слобода е С.И.(44) од Скопје.

С.И. се барал по централна потерница поради сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 став 3 од Кривичниот законик, за кое е осуден на казна затвор во траење од пет години.

Лицето било во бегство од 2024 година. Истиот е предаден во Полициската станица за општа надлежност Гази Баба за понатамошна постапка.