Skip to main content
Хроника

Уапсено едно лице во Скопје, пронајдена и одземена дрога

05/08/2026  11:01

На 04/05.08.2026, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ во Скопје извршен е преглед на Ј.Б., С.В. и Д.П..

При тоа, кај Д.П. се пронајдени и одземени две тегли во кои имало вкупно 25 пакувања марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана. 

Д.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде по насоки на јавен обвинител е задржан за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против Д.П. ќе биде поднесена Кривична пријава по член 215 ст.1 од Кривичниот законик.