
На 29.07.2026 од страна на полициски службеници од СВР Скопје, Единица за Економски и компјутерски криминал лишени од слобода се И.Т.(45), С.Т.(21) и П.П.(29) сите од Скопје, заради сторено кривично дело “фалсификување исправа” по член 378 и кривично дело “злоупотреба на лични податоци” од член 149, затоа што со фалсификувана лична карта со податоци на друго лице, и со фалсификувана кредитна документација, И.Т. помогнат од другите две лица, се обидел во една од банките во Скопје, да побара и да подигне кредит во износ од 900.000,00 денари.
Во моментот на процесуирање на фалсификуваната документација во банката, лицата се лишени од слобода и во координација со дежурен Јавен обвинител се изведени пред судија на претходна постапка

