Skip to main content
Хроника

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола

01/05/2026  16:06

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина (двајца во Кичево и тројца во Скопје) управувале возило без возачка дозвола, а двајца ( по еден во Неготино и Кичево) управувале возило под дејство на алкохол.