Skip to main content
Хроника

Уапсени две лица во Скопје – во возило пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, возачот управувал без возачка дозвола

23/06/2026  11:55

На 22.06.2026 околу 22.50 часот, на ул. „Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ, во содејство со полициски службеници од Полициското одделение Мирковци, извршиле контрола на патничко моторно возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И. (19) од Скопје.

При контролата било констатирано дека во возилото се превезувала поголема количина разновидна стока без соодветна документација, односно околу 90 пратки со различни производи, спакувани во црни кеси. Исто така, било утврдено дека возачот не поседувал важечка возачка дозвола од Б категорија.

Како сопственик на возилото бил затекнат Е.Ш. (20) од Скопје, по што двете лица биле лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

За непоседување важечка возачка дозвола, против М.И. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а став 2 од Кривичниот законик.