Skip to main content
Хроника

Уапсен возач на автобус од Турција, шверцувал брендирана облека

25/03/2025  17:49

Денеска во 04.10 часот на клучка Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност извршија контрола во автобус „сетра“ со турски национални ознаки, управуван од Д.М.(51) од Република Турција.

„При контролата, во автобусот пронајдени се два куфери во кои имало повеќе парчиња брендирана текстилна и друга стока без соодветна документација. Д.М. е лишен од слобода, стоката е одземена и за настанот е запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштуваат од МВР.