
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.А. од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда” и „загрозување на сигурноста”.


Пријавениот во семејниот дом физички ги нападнал неговите сопруга и ќерки, нанесувајќи им повреди.

