Skip to main content
Хроника

Уапсен струмичанец, повредил полицаец – сакал да побегне па го прегазил со гумата од возилото

04/05/2025  21:25

Денеска пет минути по полноќ во Струмица полициски службеници го лишиле од слобода А.Б. Тој се сомничи дека вчера во 23.55 часот во Струмица агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи, и во момент кога сакал да побегне од местото, со задната гума од возилото прегазил полициски службеник во делот на ногата.

MK Summit

„Лицето било престигнато но продолжило агресивно да се однесува, и повторно ги нападнал полициските службеници. А.Б. бил задржано во Полициската станица Струмица и по документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.