Skip to main content
Хроника

Уапсен скопјанец затоа што предизвикал пожар

24/06/2026  13:00

На 23.06.2026 во 17:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.У.(43) од Скопје, лице со здравствени проблеми, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Горно Оризари, скопско, предизвикал пожар во плевна со сено.

Нема повредени лица, а Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.