
На 24.08.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Б.Б.(31) од Дебар. Претходно, на пресекот на улиците „Јосиф Багери” и „Веби Дирба” во Дебар, тој со патничко моторно возило „пежо” со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода. По преземени мерки во врска со незгодата било констатирано дека Б.Б. го управувал без положен возачки испит.
По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против Б.Б. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило”.


