Skip to main content
Хроника

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога

15/03/2026  11:16

Вчера (14.03.2026) полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ш.(26) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени марихуана, кокаин, амфетамин, таблети екстази, дигитална вага и банкноти.