Skip to main content
Хроника

Уапсен крадец од Тетово

29/08/2026  13:37

На 28.08.2026 во 13:40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М.Ц. (27) од Тетово, по претходна пријава од  45-годишна жена од с. Ново Село, дека во близина на бензинска пумпа во Тетово, и одзел ташна со лични предмети, платежни картички и мобилен телефон.

Одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката, а по документирање на случајот, против М.Ц. ќе биде поднесена соодветна пријава.