Skip to main content
Хроника

Уапсен државјанин на Албанија, влегол да краде во куќа во Скопје па го начекал сопственикот

19/04/2025  13:52

Вчера во 21.05 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полицијата го уапсила 34-годишниот И.Б. од Албанија поради обид за кражба во куќа во Скопје.

„Имено, околу 20.40 часот пријавениот влегол во куќа во Скопје, но откако бил затекнат од сопственикот, избегал. Подоцна бил пронајден од полициски службеници и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка“, велат од МВР.