
Полицијата во Тетово вчера привела 32-годишен маж од Тетово, за кого била распишана потерница поради бегство од затворот Идризово, каде отслужувал казна за повеќе сторени кривични дела „тешка кражба“.
По апсењето, бегалецот бил пренесен во затворот Идризово за доиздржување на преостанатите три години, четири месеци и 26 дена од затворската казна, велат од МВР.