
СВР Велес поднесе кривична пријава против T.Ј. (44) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.
На 21 март 2025 година, на регионалниот пат Неготино – Градско, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „Рено Клио“ со босанска национална ознака, управувано од пријавениот. При контролата биле пронајдени пет лица мигранти од Египет, од кои двајца малолетници.
Пријавениот е приведен и против него е поднесена соодветна кривична пријава, додека мигрантите се згрижени и преземени се понатамошни мерки од надлежните институции.