Skip to main content
Балкан

Турција приведе 357 осомничени членови на Исламска држава

30/12/2025  19:51

Турската полиција денеска спроведе голема операција против Исламска држава (ИД), при што беа приведени 357 осомничени лица, објавија турските власти. Акцијата се случи само еден ден по престрелката во северозападна Турција, во која загинаа тројца полицајци и шест припадници на ИД. Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, истакна дека рациите биле извршени во 21 провинција низ целата земја, како дел од засилените мерки против тероризмот. Властите ги интензивираа безбедносните активности пред новогодишните прослави, откако разузнавачките служби предупредија на можни напади од страна на Исламска држава.

Претходно, на 25 декември, полицијата во Истанбул спроведе рации на 124 локации, при што беа приведени 115 осомничени членови на ИД, а беа запленети и оружје и муниција, по добиени информации дека групата планира напади за време на празниците.