Skip to main content
Спорт

Турција и Италија најуспешни нации по вториот ден на Медитеранските игри

23/08/2026  08:54

Вчера се одржа вториот натпреварувачки ден на 20. Медитерански игри кои се одржуваат во Таранто, Италија.

По првите поделби на медалите најупешни нации се Турција и домаќинот Италија.

Турција има најмногу златни медали, вкупно четири, а има и две сребра и една бронза.

Најмногу медали има домаќинот Италија вкупно 13 а од нив, три се златни осум сребрени и два бронзени.

Во Топ 5 најуспешни нации се уште и Грција, Португалија и Франција.