Skip to main content
Живот

Потребни се донации: Двајцата родители останале без работа, а имаат 9 месечно бебе и се во многу лоша состојба

29/10/2025  23:26

Семејство со 9 месечно бебе има потреба од наша помош! Се работи за родители кои за жал останаа без работа и се во многу лоша финансиска состојба, па имаат потреба од облека (со долги ракави) за нивното бебче, пелени, играчки и храна.

Се работи за машко дете, а семејството е во навистина тешка ситуација, па потребно е уште еднаш да се сплотиме и сите заедно да им помогнеме, да ја покажеме хуманоста на дело!

Секако доколку немате нешто од потребните продукти можете да им помогнете и парично!

Секој кој што сака да помогне може да го исконтактира во порака презентерот на временската прогноза, Спасе Јовановски на неговиот Инстаграм профил со клик ТУКА или на неговиот Фејсбук профил со клик ТУКА. Преку него ќе може да ги донирате сите потребни работи!