Skip to main content
Економија

Трошоците на живот на годишно ниво зголемени за 4,1 проценти, а цените на мало за 3,6

08/01/2026  15:38

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2025 година во однос на ноември 2025 изнесуваше 0,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

ДЗС појаснува дека зголемувањето на инфлацијата во декември 2025 година во однос на ноември 2025 година е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Транспорт за 5,8  проценти, Рекреација и култура за 0,8 проценти, Здравје за 0,7 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти, Ресторани и хотели за 0,4 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти, Разновидни стоки и услуги, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 проценти. 
 
Во декември 2025 година во однос на ноември 2025 година намалување на трошоците на животот има во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 0,4  проценти и Облека и обувки за 0,2 проценти, а во Образование и Комуникации останале на исто ниво како и во претходниот месец.                                           

ДЗС соопшти дека индексот на трошоците на животот во декември 2025 година во однос на декември 2024 година бележи зголемување од 4,1 процент, а кај индексот на цените на мало има пораст од 3,7 проценти.                

Индексот на цените на мало во декември 2025 година во однос на ноември 2025 година изнесуваше 101,9, наведува ДЗС.