Skip to main content
Македонија

Тројна радост во Битола на Бадник: Мајка роди две братчиња и сестричка

07/01/2025  21:16

Во пресрет на Христовото раѓање, на големиот христијански празник Бадник, во болницата „Плодност“ во Битола, мајка роди тројка – две братчиња и една сестричка.

Со многу љубов и храброст, мајката на свет донесе три мали ангели токму на ден кој симболизира семејство, љубов и заедништво. Лекарите информираа дека таа е во одлична здравствена состојба и неизмерно среќна за овој благослов.

Овој чудесен настан е резултат на методите на асистирана хумана репродукција (АРТ). „Со успешна инсеминација помогнавме во остварувањето на овој прекрасен момент,“ изјави прим. д-р Таше Трпчевски.

„Со методите на хумана асистирана репродукција го зголемуваме наталитетот. Денес сме сведоци на едно од најубавите чуда што медицината и животот можат да ги подарат,“ додаде тој.

Оваа прекрасна приказна е доказ дека животот носи надеж и радост дури и во најспецијалните моменти.