Skip to main content
Економија

Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани

17/05/2026  14:43

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во изјава за емисијата „Аграр”, информираше за откупот и пласманот на пролетната зелка како прва пролетна култура на пазарот.

„Прва пролетна култура која што влегува во процес на откупот, односно пласман е пролетната зелка. Во струмичкиот регион оваа култура најмногу се произведува. Она што го имам како последен податок е дека од 01.01 до денешен ден се откупени некаде над 60 милиони килограми, што е за некаде околу 8-9 милиони килограми повеќе во споредба со истиот период минатата година. Ова е доказ дека производството расте.”, истакна министерот.

Тој додаде дека процесот на откуп на пролетната зелка сè уште е во тек, но веќе влегува во својата завршна фаза.