Skip to main content
Свет

Тринаесет лица киднапирани и убиени во Перу, работеле за компанија за копање злато

05/05/2025  11:05

Тринаесет лица се пронајдени мртви во рудник во планините на Перу, неколку дена откако биле киднапирани во градот Патаз, соопшти рударската компанија Подероса, која е сопственик на рудникот.

MK Summit

Убиените работеле за фирма која работи за големата компанија за копање злато, која во последните месеци е цел на вооружени групи поврзани со нелегално рударење.

Во Патаз, на 900 километри од Лима, е прогласена вонредна состојба поради насилството предизвикано од „златната треска“.

Подероса наведува дека бандите кои го презедоа градот досега убиле 39 од нејзините вработени, меѓу кои имало и рудари.

Компанијата Подероса проценува дека вонредната состојба и големиот полициски контингент не го спречиле насилството и ја повика перуанската Влада итно да ја преиспита стратегијата.

Во неколку региони на Перу е прогласена вонредна состојба поради бран изнуда и сериозен криминал.