Skip to main content
Забава

Трик со кој зелената салата останува свежа и до две недели

10/04/2025  20:46

Марулата, односно зелената салата се чини дека е „расипана“ веднаш штом ќе ја отворите. Обично или скапува или се суши и потоа е неупотреблива. Скоро никогаш не можете да ја изедете целата салата пред да се распадне.

Најважно и логично е добро да ги разгледате салатите во продавница и да ја изберете само онаа што е во добра состојба. Деликатното зеленило, како што е рукола и младиот спанаќ, имаат ограничен отпор. Лисјата што претходно се исечени се веќе во фаза на распаѓање, па затоа е попаметно да се купат цели глави за салата наместо спакувани.

Вметнете хартиена салфетка во ќесето со зеленило за да ја влече влагата и да спречи расипување. Осигурете се дека температурата во фрижидер е доволно ниска. Ако забележите лист што почнал да гние, извадете го брзо затоа што тој ќе влијае и на другите листови.

Зеленилото во оваа форма или во ќеса најбрзо се расипува, што честопати доведува до тоа да не се изеде до крај. Практично можете да гледате во реално време како салатата со шарени и силно зелени бои брзо се претвора во влажна дамка и каша со кафеави нијанси.

Покрај употребата на салфетка, отстранување на расипаните делови од салатата и подесување на фрижидерот, многу е неопходно кесето по употреба добро, речиси херметички да се затвори.