Skip to main content
Балкан

Три земјотреси за еден час – се тресеше во Грција

27/03/2025  15:30

Три земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, денеска ја погодија Патра, на западот на Грција, јавува „Катимерини“.

Сите три земјотреси се случиле за речиси еден час, а епицентарот бил на околу пет километри од општината Еримонтос.

Според податоците на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, првиот земјотрес се случил во 12.21 часот со измерени 2,9 степена според Рихтеровата скала.

Вториот земјотрес се случи во 13.11 часот со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, а третиот земјотрес е регистриран во 13.14 часот и беше со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала.