Skip to main content
Македонија

Три опожарени депонии за една недела, АНБ презема засилени безбедносни активности

15/09/2025  22:37

По серијата пожари што ја зафатија Македонија, при што три депонии изгореа во рок од една недела, Агенцијата за национална безбедност (АНБ) соопшти дека засилено презема активности насочени кон идентификација, следење и неутрализирање на поединци и организирани структури кои можат да претставуваат хибридни закани за безбедноста, стабилноста и демократскиот поредок на државата, пишува „Слободен печат“.

АНБ истакнува дека континуирано ја следи состојбата со пожарите, прибира и разменува информации со државни институции, странски партнерски служби и меѓународни безбедносни организации, врши проценка на ризиците и преку постојана комуникација навремено го информира државниот врв. Поради законските обврски, агенцијата не открива дополнителни детали.

Одговор од Агенцијата нема за тоа како постапуваат по изјавите на премиерот, а ниту од Кабинетот на претседателката на државата нема информации дали таа ќе свика Совет за безбедност.