Skip to main content
Економија

Три нови инвестиции оваа есен, најавува Мицкоски

15/08/2026  12:47

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три нови инвестиции за кои договорите се очекува да бидат потпишани оваа есен. Преговорите се во завршна фаза и се очекува да поминат на некоја од следните владини седници. 

– Во Брисел имав три средби со инвеститори кои во Македонија се во завршна фаза на постигнување на договор. Едниот е од Германија, едниот од САД, а третиот прави проширување на постојната инвестиција и многу наскоро, оваа есен, сите три ќе потпишат договори. Сите три се во фаза на реализација, се пеглаат последните, би рекол точка-запирка делови од договорите, и очекувам веќе на наредните владини седници тоа да помине и наесен јавноста да биде запознаена, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на спортската сала во подрачното училиште во Кисела Вода.