Skip to main content
Македонија

Три активни пожари во Македонија, гори во Штип, Пробиштип и Чешиново-Облешево

03/07/2026  14:35

До 13:00 часот во земјава се регистрирани три активни пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според официјалните информации, пожарите се активни во источниот дел на државата и зафатиле ниска вегетација на три различни локации.

Првиот пожар е регистриран во атарот на селото Неокази, во општина Пробиштип, каде што гори ниска вегетација.

Вториот активен пожар е во општина Штип, на местото викано „Исар“. Според ЦУК, овој пожар е специфичен бидејќи е лоциран во централното градско подрачје, каде што исто така е зафатена ниска вегетација.

Третиот пожар е активен во селото Новоселани, во општина Чешиново-Облешево, каде пламените јазици зафатиле ниска вегетација.

Противпожарните екипи се на терен и работат на локализирање и гаснење на пожарите на сите три локации.