Skip to main content
Свет

Трамп: Знам што правам кога воведувам царини, лидерите од целиот свет молат за договор

09/04/2025  07:08

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека знае што прави кога воведува високи царини за земјите ширум светот, откако предизвика критики и загриженост ширум светот со таквите потези.

MK Summit

Трамп на вечерата во Националниот републикански конгресен комитет во Вашингтон синоќа го фалеше својот план за воведување царини, велејќи дека лидерите од многу земји го бараат и молат за договор за царините, објави Еј-Би-Си Њуз.

Трамп повтори дека САД во минатото биле ограбени заради странските царини, додавајќи дека со овој потег става крај на тоа.

Новите царини што САД ги воведуваат за земјите ширум светот, вклучително и онаа од 104 отсто за Кина, од денеска стапија на сила.

Покрај високите царини за Пекинг, САД воведоа царини за увоз од десетици други земји, вклучувајќи 46 отсто за Виетнам, 32 отсто за Тајван, 25 отсто за Јужна Кореја, 24 отсто за увоз од Јапонија, 20 отсто за сите земји од Европската унија.