Skip to main content
Свет

Трамп вели дека не е подготвен за договор со Иран

15/03/2026  09:40

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е подготвен да склучи договор за завршување на војната со Иран во оваа фаза, и покрај подготвеноста на Техеран да преговара, велејќи дека предложените услови „сè уште не се доволно добри“.

Во телефонско интервју за NBC News, Трамп истакна дека сите услови ќе мора да бидат „многу цврсти“, одбивајќи да ги спомене условите што ги претпочита. Американскиот претседател истакна дека бара од  „  бројни земји кои се погодени од бандитската агресија на Иран“ да помогнат во обезбедувањето на Ормутскиот теснец, велејќи дека неколку земји се обврзале да помогнат во обезбедувањето на теснецот, но одби да именува некоја од нив.