
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека укинува повеќе од 90 отсто од договорите за странска помош на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и 60 милијарди долари помош од САД ширум светот.
Администрацијата, исто така, ги објави резултатите од прегледот на секоја програма на УСАИД, што беше наредено од Трамп и Стејт департментот, пренесува АП.
Одлуката, наводно, била поттикната од судски налог со кој на функционерите им било дадено до крајот на денот во средата да ја укинат блокадата на администрацијата на Трамп за финансирање странска помош.
Претставниците на администрацијата на Трамп, по повеќекратните предупредувања од федералниот судија во случајот, исто така во средата рекоа дека продолжиле со плаќање на сметките на УСАИД по повеќемесечна пауза, ослободувајќи неколку трилиони долари долг за испорака.