Skip to main content
Свет

Трамп: Можеби ќе биде потребно да се позанимаваме со судиите кои ги блокираат напорите за намалување на трошоците

12/02/2025  09:30

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека „можеби ќе биде потребно да се позанимаваме со судиите“ кои, како што рече, ги блокираат напорите за намалување на трошоците на владините агенции.

За време на заедничкото обраќање од Овалната соба во Белата куќа, Трамп и шефот на Одделот за владина ефикасност (DOGE) Илон Маск рекоа дека има „голем отпор“ во владата.

Маск нагласи дека е важно претставниците избрани од јавноста да одредуваат што ќе се случува, а не голема „неизбрана“ бирократија.