Skip to main content
Свет

Трамп ги ковертираше наредбите во случај да биде убиен

05/02/2025  09:02

„Ако го сторат тоа, ќе бидат уништени. Тоа ќе биде крајот“, рече Трамп во Овалната соба додека ја потпишуваше наредбата за повторно да се изврши максимален притисок врз Техеран.

MK Summit

Трамп упати предупредување до Иран како одговор на прашањето за можноста таа земја да се обиде да го убие. Трамп рече дека не сака да ја потпише таа антииранска наредба, но дека е неопходно да се спречи Техеран да развие нуклеарно оружје.

„Оставив инструкции. Ако го направат тоа, ќе бидат уништени. Нема да остане ништо, а тие не треба да можат да го сторат тоа. Бајден требаше да го каже тоа, но тој никогаш не го стори. Не знам зошто. Можеби поради недостаток на интелигенција“, рече Трамп.

Иран, наводно, се обидува да го убие Трамп и други функционери од неговата прва администрација како одмазда за убиството на генералот Касем Сулејмани што Трамп го нареди во 2020 година. Според Уставот на САД, доколку претседателот и потпретседателот бидат убиени или не можат да ги извршуваат своите должности, нив ги заменува претседателот на Горниот дом на Конгресот, а потоа привремениот претседател на Сенатот. Доколку нешто и на нив им се случи, должностите на претседателот ги исполнуваат министрите, почнувајќи од државниот секретар.