Skip to main content
Скопје

Трајановски: Општина Аеродром конечно ќе добие нова општинска зграда

09/10/2025  14:15

Општина Аеродром е единствената општина во Македонија која нема сопствена зграда. Општинската администрација 20 години функционира во супстандардни услови, во објект за кој плаќа 120.000 евра годишно.

Само во последните 4 години Општина Аеродром има потрошено половина милион евра по основ на кирии.

Трагедијата да биде уште поголема Тимчо Муцунски пред 4 години ја избриша маркицата каде што СДСМ планираше модерен објект за општинска зграда со готов проект за изведба. На таа локација пред 2 години требаше да биде подигнат паркот „Радост”.

По 4 години реалноста е поразителна. Ни парк, ни општинска зграда немаме на таа локација.

По изборите ја започнуваме постапката за изградба на современ, функционален и енергетски ефикасен објект за општинската администрација, во кој граѓаните ќе ги добиваат сите услуги на едно место.

Новата зграда ќе биде репрезентативен симбол на општината, со мултимедијален центар за млади, повеќенаменски сали и современа сала за венчавки, простор кој ќе им служи на сите жители на Аеродром.

Време е конечно Општина Аеродром да добие сопствен дом, достапен и отворен за сите.