Најмалку 13 лица загинаа од удар на воз во западна Индија, кога патниците скокнале од друг воз на соседната пруга, бидејќи слушнале гласини за ширење на пожар и биле прегазени од воз што минувал. Гласината се покажа како невистинита.
Властите веруваат дека 13 лица загинале, а спасувачките екипи ги лекуваат повредените, објавија индиските медиуми.
Патниците скокнале од возот откако слушнале гласини дека пожарот се шири. Некој ја повлече сопирачката за итни случаи, запирајќи го возот. Избувна паника, иако гласините се покажаа како лажни.
Првично беше нејасно колку луѓе имало во возот во моментот на несреќата.
Се чини дека на вагонот се појавила искра поради вжештена оска или заглавена сопирачка, објави новинската агенција PTI, цитирајќи официјален претставник на железницата, кој рече дека некои патници во паника ја повлекле сопирачката за итни случаи, а некои скокнале надвор.