
Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случи на 4 јули 2025 година во 15:26 часот, на крстосницата меѓу улиците „Борис Кидриќ“ и „Мирко Милески“ во Кичево.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале патнички автомобил марка „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од 22-годишниот А.Е. од селото Стрелци, и мотоцикл марка „Хамачи“, управуван од 17-годишно момче од Кичево.
По судирот, тешко повредениот мотоциклист бил веднаш пренесен кон скопската клиника „Мајка Тереза“, но за жал им подлегнал на повредите за време на транспортот. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта.
На местото на несреќата увид извршиле екипи на полицијата и јавен обвинител, по чија наредба ќе биде извршена обдукција врз телото на загинатиот тинејџер.
Полицијата работи на целосно расчистување на причините за несреќата.