Skip to main content
Македонија

Тошковски: СДСМ намерно злоупотребува трагедија, затворите не се во надлежност на МВР туку на Управата за извршување санкции

01/02/2025  20:30

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на социјалните мрежи реагираше на соопштението на СДСМ во кое опозициската партија од него бара одговорност за тоа што Васил Јованов во затворот Шутка користел мобилен телефон.

„Во однос на прашањата на СДСМ упатени до мене за тоа како притвореник во затворот „Шутка“ добил пристап до мобилен телефон, сакам да истакнам дека во секоја правна и демократска држава, најмалку што може да се очекува од политичари кои седум години управувале со институциите е барем основно познавање на нивната поставеност, односно да знаат дека затворите не се во надлежност на Министерството за внатрешни работи, туку на Управата за извршување санкции која е орган во состав на Министерството за правда.

Но, суштината не е во “незнаењето“, туку во нешто многу полошо, а тоа е намерна злоупотреба на една трагедија за собирање на евтини политички поени. Наместо да покажат минимум човечност и емпатија, тие избраа да водат некрофилска кампања, со која на најмизерен начин се обидуваат политички да профитираат од туѓа несреќа.

Јавноста бара правда, а не политички театар и навистина е срамно тоа што СДСМ и во оваа трагедија не успеа да покаже барем малку достоинство“ пишува Тошковски на социјалните мрежи.