Skip to main content
Македонија

Тошковски: МВР ќе постапи во согласност со надлежностите за случајот со бараните македонски државјани од ФБИ

15/05/2026  15:10

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека МВР ќе постапи согласно своите надлежности доколку бидат преземени потребните процесни чекори во врска со информациите на ФБИ дека двајца македонски државјани се бараат во САД за измама и кражба на идентитет, а се наоѓаат во земјава.

Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со главниот извршен директор на А1 Македонија, Методија Мирчев, Тошковски рече дека засега не може да сподели повеќе детали за случајот.

– Во овој момент не можам да споделам повеќе детали од она што излезе во рамки на медиумите. Во секој случај ние ќе постапиме согласно нашата надлежност доколку се преземат потребните процесни чекори кои што треба да се преземат од страна на државата која што ја напоменавте и од страна на сите останати органи. Така што во делот на МВР, она што е наша надлежност секако дека ќе постапиме онака како што треба да постапиме – рече Тошковски.