Skip to main content
Магазин

Торта од рендани тиквички и павлака

03/05/2026  17:27

Од две работи, тиквички и павлака, совршено ладно предјадење, лесно за правење и декоративно 

    Состојки:

         за кори:

  • 2 големи тиквички
  • 3  јајца
  • 5 лажици брашно
  • сецкан магдонос 
  • сол


        за фил:

  • 600 грама кисела павлака
  • 2 чешниња лук и мелен бибер

Подготовка:

Изрендајте ги тиквичките, додадете сол и оставете ги околу 10 минути да се исцеди водата. Вклучете ја рерната на 180 степени. Матете 3 јајца со миксер околу една минута, додадете ги исцедените тиквички и 5 лажици брашно, не треба да биде течно, туку компактно, а ако е ретко, додадете уште малку брашно и сечкан магдонос. Обложете плех за печење (35×25) со хартија за печење и истурете половина од смесата,  добро израмнете ја за да биде со иста дебелина и печете 20 минути. Истото направете го и со останатата смеса за втората кора.
Ќе добиете две тенки кори, во соодветен сад ставете ја едната кора и премачкајте ја со филот, подготвен со павлака сецкано лукче и бибер, и потоа повторете го истото со другата кора. Солената торта премачкајте ја со преостанатиот фил и украсте ја по желба.