Skip to main content
Свет

Токсични хемикалии во лебот и житарките низ Европа

04/12/2025  16:48

Високи концентрации на токсични „вечни хемикалии“ се пронајдени во секојдневните житни производи, вклучувајќи леб, тестенини и житарки за појадок, низ цела Европа. Истражувањето на Мрежата за акција против пестициди во Европа (PAN) покажа дека просечните нивоа на трифлуороцетна киселина (TFA) во овие прехранбени производи се до 100 пати повисоки отколку во водата од чешма, објавува The Guardian.

Таа е класифицирана како репротоксична супстанција, што значи дека може да му наштети на плодноста, развојот на фетусот и репродуктивното здравје. Исто така, е поврзана со нарушувања на тироидната жлезда, црниот дроб и имунолошкиот систем. И покрај ова, надлежните институции сè уште не вршат систематско следење на TFA во храната. Во првата студија од ваков вид на ниво на Европската Унија, анализирани се 65 житни производи од 16 земји. ТФА е откриен во 81,5 проценти од примероците, често во високи концентрации.

Најконтаминирани биле пченичните производи, а највисоки нивоа се забележани во житни снегулки од Ирска, по што следува интегрален леб од Белгија и Германија и во француски багет. Хемикалијата е пронајдена во широк спектар на производи – од шпагети и кроасани до меденки.

Активистите бараат итно да се утврдат построги безбедносни ограничувања на ТФА и да се забранат пестицидите базирани на PFAS за да се спречи понатамошно загадување на синџирот на исхрана.

„Сите луѓе се изложени на ТФА преку храната и водата за пиење. Нашите наоди покажуваат дека е потребна итна забрана за PFAS пестициди за да се спречи понатамошното загадување“, рече Саломе Ројнел од PAN Europe.