
Денеска во општина Карпош свечено беше пуштен во употреба пливачкиот базен.
Но на отворањето покрај премиерот Мицкоски и министерот за спорт Ристовски, не беше присутен градоначалникот на Карпош, Сотир Лукорвски кој е на боледување.
Општина Карпош беше претставена од заменик градоначалникот Неделчо Кртевски.
На прашањето дали има информација што е со боледувањето на Лукровски, премиерот Мицкоски кажа дека тоа биле лични моменти што немало да ги коментира.
„Тоа се лични моменти и не би сакал да коментирам и ги осудувам сите оние политички глодари коишто на туѓата мака се обидуваат да добијат политички поени“ изјави премиерот.


