Skip to main content
Магазин

TikTok со нова AI функција: AI Alive

16/05/2025  21:19

TikTok ја лансираше функцијата AI Alive, која овозможува корисниците да анимираат фотографии и да ги претворат во кратки видеа со движење и креативни ефекти. Оваа алатка е достапна преку Story Camera, каде корисникот избира фотографија и внесува опис за саканата анимација – како, на пример, фотографијата да танцува или намигнува.

Анимациите изгледаат реално и пред објавување се проверуваат со технологија за модерирање. Сите видеа направени со AI Alive добиваат ознака дека се создадени со вештачка интелигенција.