Skip to main content
Македонија

Тијана се прости од загинатите: Денеска испратив 50 деца кои се мои деца – Моите мисли се со нивните мајки и семејства

20/03/2025  18:03

Пејачката Тијана Дапчевиќ се огласи на својот инстаграм на денот на погребот на трагично загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани.

„Најцрниот ден од постоењето на нашата држава. Мастило кое нема да се измие ниту со децении. Барем да не научат нешто. Денеска испраќам пријатели. Денеска испратив 50 деца кои се мои деца. Моите мисли се со нивните мајки и семејства. Мирно небо и широки рајски полиња“, напиша Тијана Дапчевиќ.