Skip to main content
Македонија

Тетовски универзитет покрена постапка за разрешување на професорот Артан Груби

07/01/2025  23:36

Тетовскиот универзитет ја започна законската процедура за разрешување на доцентот Артан Груби од Правниот факултет, отсек новинарство, јавува Алсат.

Според деканот на Правниот факултет, Сафет Емрули, иницијативата за отказ следува откако Груби не се појавил на работното место неколку дена без да даде појаснување.

„Од минатата недела не е присутен на факултетот, што претставува непочитување на обврските предвидени со Законот за работни односи и Законот за високо образование. Веќе го процесуиравме случајот и ја започнавме постапката за соодветни мерки. Наскоро ќе ја објавиме конечната одлука како универзитет,“ изјави Емрули.

Адвокатот Сахит Зилбехари посочи дека, согласно Законот за работни односи, работниот ангажман на вработениот може да биде прекинат доколку има тужба или прекршување на работните обврски. Според него, прекинот треба да биде привремен сè додека не се донесе конечна судска одлука, но во случај на неоправдано отсуство, работодавачот може да преземе и поригорозни мерки.