Skip to main content
Хроника

Тетовец ѝ го украл и запалил возилото на својата поранешна девојка

21/05/2026  13:31

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.С. од с.Волковија, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба”, „одземање моторно возило” и „предизвикување општа опасност”. На 04.12.2025 и 05.12.2025 во с.Брвеница, пријавениот од домот на неговата поранешна девојка одзел клучеви од возило и во с. Брвеница го опожарил возилото.

Потоа, исто така во с.Брвеница, одзел патничко возило на друго лице и заминал кон с.Волковија.