
На 21.05.2026 во 22:30 часот на улица „107″ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.Ш.(26) од Тетово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „кражба” по член 235 од Кривичниот законик, односно дека претходно одзел електричен тротинет на Б.Б.(41) од Тетово.
Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот. Б.Ш. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



