Skip to main content
Хроника

Тетовец со 2,49 промили алкохол и нож сакал да ограби казино

16/07/2026  14:41

На 15.07.2026 во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода К.В.(32) од Тетово поради основи на сомнение дека со закана со нож се обидел да изврши кривично дело „разбојништво”, истиот ден во 11:05 часот во казино во Тетово.

Извршен е и претрес кај лицето, а по извршеното алкотестирање кај него е констатирано присуство на 2,49 промили алкохол во крвта.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.